без наслов |
---|
Beaucoup Fish е албум на Underworld од 1999 година. Грубо преведено, името на албумот значи „Многу риби“. Ова е нивното најфорсирано издание, а спотот за „Push Upstairs“ бил редовно пуштан на MTV и MTV2. Ова се должи на огромниот успех на нивниот сингл „Born Slippy“ од саундтракот за „Trainspotting“. „Push Upstairs“ и вториот сингл, „Jumbo“, биле хитови на денс листите и во дискотеките. Албумот исто така е добро прифатен и од критичарите и останува најдобро продаваниот албум на Underworld.
Првичниот наслов на албумот бил „Tonight Matthew, I'm Going to be Underworld“, позната фраза од британската ТВ програма „Stars in Their Eyes“[1], но подоцна бил променет бидејќи оваа фраза не би ја разбрале купувачите надвор од Британија.