Уредник | Џефри Б. Ремц |
---|---|
Категории | Музичко списание |
Издавач | Џефри Б. Ремц |
Основач | Џефри Б. Ремц |
Основано | 1993 |
Последен број | јануари 2009 (печатено) |
Земја | Соединетите Држави |
Седиште | Њутон Сентер, Масачусетс |
Јазик | Англиски |
Портал | countrystandardtime.com |
OCLC | 190760123 |
Country Standard Time ― мрежно место посветено на кантри-музиката и сродните жанрови, како што се американа, блуграс и рокабили. Обезбедува вести и музички критики кои се однесуваат на жанрот.[1] Тоа било основано во 1993 година од страна на Џефри Б. Ремц како печатено списание, кое било прво објавувано само во Нова Англија, но станало седржавно во 1995 година.[2] Списанието има мрежно место од 1997 година,[3] и ја прекинало својата печатена верзија во јануари 2009 година.[4]
Мрежното место има прикази, вести и ЦД-а, концертни и книжевни прегледи и привлекува околу 50.000 прегледи на страници месечно.