„Eric Clapton's Rainbow Concert“ | ||||
---|---|---|---|---|
![]() | ||||
Албум во живо од Ерик Клептон | ||||
Издаден | 10 септември 1973 Преработени издание: 13 јануари 1995 | |||
Снимен | 13 јануари 1973 во театарот „Rainbow“ во Лондон | |||
Жанр | Блуз-рок | |||
Траење | 34:48 73:49 (преработено издание) | |||
Издавачка куќа | „RSO Records“ | |||
Продуцент | Боб Прајден | |||
Ерик Клептон — Хронологија | ||||
|
Професионални оценки | |
---|---|
Прегледни резултати | |
Извор | Оценка |
Allmusic | ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Eric Clapton's Rainbow Concert е албум снимен во живо во театарот „Rainbow“, Лондон, на 13 јануари 1973,а е издаден во текот на истата година. Концертот бил организиран од Пити Тоуншенд и го обележал враќањето на Ерик Клептон по неговиот концерт за Бангладеш во 1971. Следната година после концертот, Клептон се одвикнал од хероинот и го снимил албумот „461 Ocean Boulevard“.
Овој концерт е првиот каде што Клептон ја употребил неговата позната фендер стратокастер гитара, „Blackie“.
Преработена и проширена верзија од албумот била издадена на 13 јануаери, 1995, на 22 годишнината од оригиналниот концерт.