Flavr Savr (исто така познат како CGN-89564-2; изговорено „флејвр сејвр“; во превод зачувувач на вкус),― генетски изменет домат, првата комерцијално одгледувана генетски изменета храна на која и била одобрена лиценца за човечка исхрана. Таа беше развиена од калифорниското претпријатие Calgene (денешно Monsanto) во 1980-тите.[1] Доматот има подобрен рок на траење, зголемена отпорност на габи и малку зголемена вискозност во споредба со неговиот неизменет роднина.[2] Требало да биде берен зрел за зголемен вкус за превоз на долги растојанија.[1] Flavr Savr содржи два гени додадени од Calgene; обратен антисмислен полигалактуроназен ген кој го инхибира производството на гнил ензим и ген одговорен за создавањето на APH(3')II,[3] кој дава отпорност на одредени аминогликозидни антибиотици вклучувајќи канамицин и неомицин.[4] На 18 мај 1994 година,[5] Службата за храна и лекови на Соединетите Држави ја завршила својата евалуација на доматот Flavr Savr и употребата на APH(3')II, заклучувајќи дека доматот „е безбеден како доматите одгледувани со конвенционални средства“ и „дека употребата на аминогликозид 3'-фосфотрансфераза II е безбеден за употреба како помагало за обработка во развојот на нови сорти домати, масло од репка и памук наменети за употреба во храна. Првпат бил продаден во 1994 година и бил достапен само неколку години пред да престане производството во 1997 година.[6] Calgene влегле во историјата, но зголемените трошоци го спречиле претпријатието да добие заработка,[7] и на крајот била купена од Monsanto.[1]