HLA-DR е MHC класа II рецептор на клеточната површина кодиран од антигенот на човечки леукоцити кодиран од човечки леукоцитен антиген комплекс на хромозомот 6 регион 6p21.31. Комплексот на HLA-DR ( Човечки L еукоцит А нтиген - DR изотип) и пептид, генерално со должина а помеѓу 9 и 30 аминокиселини, претставува лиганд за Т-клеточниот рецептор (TCR). HLA ( човечки леукоцитни антигени ) првично биле дефинирани како антигени на клеточната површина кои посредуваат во болеста графт версус-наспроти домаќинот. Идентификацијата на овие антигени довело до поголем успех и долговечност при трансплантацијата на органии.
Најодговорни антигени кои с еодговорни за губење на графтот се HLA-DR (првите шест месеци), HLA-B (првите две години) и HLA-A (за долгорочно преживување).[1] Доброто совпаѓање на овие антигени помеѓу домаќинот и донаторот е најкритично за постигнување на преживување на графтот.
HLA-DR е исто така вклучен во неколку автоимуни состојби, подложност на болести и отпорност на болести.Исто така тесно поврзан со HLA-DQ и оваа поврзаност често го отежнува решавањето на предизвикувачкиот фактор во справување со болеста.
HLA-DR молекулите се нагоре регулирани како одговор на сигнализацијата. Во случај на инфекција ,пептидот (како што е пептидот на стафилококниот ентеротоксин I) се врзува во молекулата DR и се прикажува на неколку од многубројните Т-клеточни рецептори пронајдени на Т-помошните клетки. Овие клетки потоа се врзуваат за антигени на површината на B клетките стимулирајќи ја пролиферацијата на B-клетките.