ISO 4217

ISO 4217 е меѓународен стандард кој ги дефинира ознаките за валутите што се важечки според стандардите наМеѓународната организација за стандардизација (ИСО). Секоја валута се означува со код од три букви и трицифрен бројчен код[1].

ISO 4217 најмногу се користи во банкарството и воопшто во деловното работењеу, па во повеќето случаи курсната листа се објавува токму со тие кодови, затоа што тие се познати за поширок круг луѓе.

Првите две букви го претставуваат називот на земјата според стандардот ISO 3166, додека третата буква во повеќето случаи ја претставува првата буква од називот на валутата.

Пример
  1. Попис на сите активни ISO 4217 кодови, Меѓународна организација за стандардизација

From Wikipedia, the free encyclopedia · View on Wikipedia

Developed by Nelliwinne