![]() id Tech 2 во Quake II, првата игра со погонот | |
Програмери | id Software |
---|---|
Прог. јазик | Ц |
Вид | Погон за видеоигри |
Лиценца | ГНУ-ва општа јавна лиценца |
id Tech 2 (се чита: ид тек), претходно познат како погонот (од) Quake II, е погон за видеоигри изработен од id Software за нивните игри, главно за Quake II. Од неговото излегување, id Tech 2 е користен и во неколку други игри под лиценца.
Џон Кармак го објави изворниот код на 22 декември, 2001 година, под условите на ГНУ-овата општа јавна лиценца.[1]
Погонот прво бил употребен за играта Half-Life во 1997 година, но Valve ја повлекле Half-Life и потоа употребиле многу изменета верзија од погонот од Quake за Half-Life издаден во 1998 година под името GoldSrc.