Kings of Leon | |
---|---|
![]() Kings of Leon во 2017 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Маунт Џулиет, Тенеси, САД |
Жанрови |
|
Период на активност | 1999 | –денес
Издавачи | |
Мреж. место | kingsofleon.com |
Членови | |
|
Kings of Leon ― американска рок-група основана во Нешвил во 1999 година. Во составот на групата се: браќата Кејлеб, Нејтан и Џеред Фолоуил и нивниот братучед Метју Фолоуил. На почетокот композициите на групата биле спој на јужњачки рок и гаражен рок со примеси на блуз, но со текот на годините во музиката почнале да вклучуваат и други музички жанрови и алтернативен рок-звук.
Првите три студиски албуми на групата биле успешни првенствено вон границите на САД, а најмногу во Обединетото Кралство. По објавувањето на албумот Only by the Night (септември 2008 година), кој се пласирал во топ-10 на топ-листите за албуми во над 10 земји, групата успеала да се пробие на американската музичка сцена и да стекне светска популарност. Водечкиот сингл од албумот, „Sex on Fire“ се искачил на прво место на топ-листите во Австралија, Финска, Ирска и Обединетото Кралство. Во септември 2009 година синглот бил на второ место на листата на дигитално најпреземани синглови на сите времиња во Обединетото Кралство, веднаш зад Poker Face од Лејди Гага.[1] Групата има освоено 4 Греми награди од 12 номинации, вклучувајќи ја и наградата „Запис на годината“ за песната „Use Somebody“ во 2010 година.