Megadeth | |
---|---|
![]() | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови | хеви метал, треш метал, спид метал, хард рок |
Период на активност | 1983–2002 2004-денес |
Издавачи | Роудранер, Капитол, Комбат |
Соработници | Metallica, Slayer, Anthrax |
Мреж. место | www.megadeth.com |
Членови | |
Дејв Мастејн Дејвид Елефсон Шон Дровер Крис Бродерик |
Megadeth (се чита: Мегадет) — треш метал музичка група од САД која ја предводи основачот, гитаристот и текстописецот Дејв Мастејн. Групата е формирана во 1983 година, откако Мастејн на напуштил групата „Metallica“. Дискографијата на „Мегадет“ опфаќа 14 студиски албуми, шест албуми од живи настапи и три компилации со најголемите хитови.[1]
Како пионер на американското треш метал движење, групата стекнала светска слава во осумдесеттите години на 20. век, но со текот на времето доживеала чести смени на поставата, претежно поради проблеми со прекумерно користење на дрогa и алкохол. По стабилизирањето на поставата, „Мегадет“ објавиле низа албуми со платински и златни тиражи, вклучувајќи го Rust in Peace, двапати номиниран за „Греми“, како и двојниот платински тираж на Countdown to Extinction од 1992 година. Групата направила привремен прекин во работата во 2002 година, поради Мастејновата тешка повреда на левата рака, но по интензивната терапија, тој повторно ја активирал групата во 2004 година, когаго објавиле албумот The System Has Failed, а во 2007 година и United Abominations. Иако „Мегадет“ постои речиси 30 години, последните два албума, Endgame и Thirteen, со нивната брзина и моќност се доказ за виталноста на групата.
„Мегадет“ важи за еден од комерцијално најуспешните хеви метал групи на сите времиња, со 50 милиони продадени оригинални примероци од нивните изданија во светски рамки,[2][3] вклучувајќи шест последователни платински албуми и десет последователни номинации за „Греми“ во категоријата „најдобра хеви метал изведба“.[4]
Во текот на нејзиното постоење, низ групата поминале преку 20 официјални членови, а непроменет останал само Дејв Мастејн, како главна и движечка сила на „Мегадет“. Групата се вбројува во Големата треш четворка заедно со „Slayer“, „Metallica“ и „Anthrax“, која е „виновна“ за создавањето и популаризацијата на треш жанрот во 1980-тите. Обожавателите на „Мегадет“ себеси се нарекуваат „Droogie“, израз кој значи пријател, а е земен од филмот на Стенли Кјубрик - A Clockwork Orange (Пеколен портокал).[5]
|work=
(help)