Palaye Royale | |
---|---|
Познат(а) и како | Kropp Circle (2008–2011) |
Потекло | Las Vegas, Nevada, U.S. |
Жанр(ови) | |
Години на активност | 2008–present |
Продукциска куќа/ќи | Sumerian |
Членови |
|
Palaye Royale (се чита: Палај Ројал) е канадско-американски рок бенд првично формиран во Лас Вегас, сега со седиште во Лос Анџелес. Браќата го формирале својот бенд во 2008 година под името Kropp Circle, а подоцна го смениле своето име во Palaye Royale, летото 2011 година.[1] Нивното име е преземено од салата за танцување Палај Ројале во Торонто, каде за првпат се сретнале нивните баба и дедо.[2] Нивниот сингл „Get Higher“ се искачи на 27-то место на Billboard Modern Rock Charts и тие биле првиот непотпишан бенд што ја освои наградата на MTV, Musical March Madness, победувајќи ги уметниците како што е Linkin Park.[3][4] Тие го издадоа својот втор албум во 2018 година.[5] Браќата како сценски презимиња ги зимаат нивните средните имиња, додека пак, нивното презиме од раѓање е Кроп.[6]