JR-Maglev (јапонски: ジェイアール式マグレブ) — систем на магнетнолебдечка железница (маглев) на Среднојапонското железничко претпријатие и Институтот за истражување на железничката техника (подружница на групацијата „Јапонски железници“).
JR-Maglev MLX01 е меѓу новите од низата магнетнолебдечки возови на коишто се работи во Јапонија уште од 1970-тите години. Составен е од највеќе пет вагони и предвиден е да вози по пробната магнетна пруга во префектурата Јаманаши. На 2 декември 2003 г, тривагонски состав на овој воз достигнал брзина од 581 км/ч, што претставува светски рекорд за шински возила со екипаж.[1]