Xbox Series X/S — серија домашни играчки конзоли развиени од Microsoft. Го сочинува поколението Xbox-конзоли објавено на E3 2019 како Project Scarlett. Ги вклучува Xbox Series X и Xbox Series S објавени во септември 2020 г. Двете конзоли биле пуштени во продажба на 10 ноември 2020 г.[1]
Критичарите ги пофалиле Xbox Series X/S за нивните апаратни подобрувања во однос на Xbox One и нагласокот на Microsoft врз изданијата од неколку поколенија, но верувале дека игрите достапни при пуштањето не ги искористиле целосните можности на опремата. „Мајкрософт“ не ги објавил бројките за продажбата на Xbox Series X/S, но на 27 јули 2021 г., рекол дека тие се најбрзо продаваните модели на Xbox до денес. Се проценува дека „Мајкрософт“ има испорачано најмалку 18,5 милиони единици од двете конзоли ширум светот до декември 2022 г.[2]